ВИДЕО: Граѓаните застанаа на патот на нова катна гаража пред Автомакедонија

Од:

Спречен беше обидот на фирмата „Никофон“ утринава да започне со изградба на нова катна гаража пред Автомакедонија откако станарите од околните згради излегоа на паркингот да протестираат. По кратко време полицијата им забрани на инвеститорите да го оградуваат просторот и им нареди да ги отстранат ознаките со „Забрането паркирање“ и „Приватен имот“.

Како што вели станарот Драган Димитроски инвеститорот нема дозвола за градење во моментов, па со тоа што го ограничува просторот го забранува правото на слободно движење. Ова е трет протест на граѓаните што живеат во близина.

Изминатава година неколку пати побараа од Општина Центар да им излезе во пресрет и да не издава дозвола за градење на „Никофор“, а градоначалникот Андреј Жерновски два пати до сега ја стопираше изградбата.

katna-garaza1

Тие не можат да се помират со решението да се узурпира последниот простор откако беа масакрирани парковите околу хотел „Бристол“. Проблем претставува тоа што при градењето ќе ограничи просторот на движење, станарите ќе немаат каде да ги паркираат своите возила, а ќе се оневозможи пристап до зградите внатре во случај на пожар или било каков инцидент. Во моментов со паркиралиштето пред Автомакедонија стопанисува општинското претпријатие „Паркинзи“ кое им дозволува на центарци да паркираат бесплатно.

Освен тоа граѓаните велат дека нема никаква потреба од нова катна гаража кога веќе постои една од другата страна на улицата со која стопанисува „Градски паркинг“.

Што се однесува до идејното решение, во барокен стил, станарите велат дека е грдосија која не би поднеле да се испречи пред нивните прозори.

Парцелата беше продадена во јуни 2012-та година по цена од 6.150 денари од метар квадратен, или 124.500 евра за 1.245 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории