(ВИДЕО) Граѓаните што се вакцинираа: Во услови кога немаме вакцини, подобро е да ја примиме „астра зенека“ отколку ниедна

Од:

Некои од граѓаните од првата група, над 77-годишна возраст, кои денеска ја примија вакцината на „Астра зенека“, за „А1он“ изјавија дека не биле во дилема пред да дојдат на вакциналниот пункт и да се вакцинираат и покрај многуте информации за несаканите ефекти од неа. Напротив, порачаа дека единствениот спас е што поголем број имунизирани луѓе, со што би се ставил крај на пандемијата.

„Во услови кога немаме вакцини, подобро е да ја примиме на ‘Астра зенека’ отколку ниедна. Во медиумите и на социјалните мрежи има разни информации во врска со тоа дека постојат ризици за здравјето и штетни последици, но сепак сето тоа треба да го земеме со резерва. Порачувам до надлежните да спроведат кампања за подетаљно информирање на населението за секоја вакцина, да имаме јасна слика што и како може да се очекува затоа што секој лек има нуспојави, па веројатно и вакцините“.

„На вакцината треба да гледаме како на спас, а не како на зло. Порачувам што поголем број да се вакцинираат, да излеземе што е можно побргу од ова ужасна ситуација“, изјавија скопјани кои ја примија вакцината на „Астра зенека“.

Во исто време, додека повозрасните граѓани се имунизираа со вакцината на „ Астра зенека“, медицинските работници примаа втора доза од руската „спутник В“, првата пратка што пристигна во државата, а беше наменета за нив. Оние што денеска беа на пунктот на Поликлиниката „Јане Сандански“ рекоа дека од оваа вакцина засега немале никакви реакции.

„Одлично поминав кога ја примив првата доза, немаше никакви реакции и нуспојави, се надевам така ќе биде и овој пат. Што се однесува до вакцината на ‘Астра зенека’, не можам ниту да ја препорачам ниту да кажам – не примајте ја, граѓаните нека се информираат добро, нека се консултираат со своите матични лекари и нека си одлучат сами“, вели една од докторките од Клиничкиот центар, која ја прими втората доза од „спутник B“.

Вакцинирањето на лицата над 77 години се реализира со првите 24.000 дози вакцини од „Астра зенека“, кои викендов стигнаа во земјата. Во меѓувреме, здравствените власти се подготвуваат за масовна вакцинација, која, според најавите, ќе се одвива во спортската сала „Борис Трајковски“ од следната недела со кинеската пратка вакцини од компанијата „Синофарм“.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска