(ВИДЕО) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левица дава поддршка

Од:

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување, велат од Левица.

Пратеникот Сашко Јанчев даде поддршка на блокадата.

„Се наоѓам над селото Ореовец. Оваа грдосија позади мене е последица на минирањето на турско – америчкиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Од минирањето загрозени и загадени се извори на вода од кои и ден денес пијат вода Прилеп и селата околу Прилеп. Во селото Ореовец оштетени се куќи, загрозени се ендемични видови на животни коишто ги има само тука…Ова е последица на оној криминален и противзаконски договор којшто го направи претходната влада со турско – америчкиот конзорциум на „Бехтел и Енка”, па поради тоа граѓаните тука се самоорганизираат веќе десетина дена. Имаат протестна блокада и не дозволуваат машини и работници да доаѓаат и да продолжат со работа. Левица како што и досега го блокираше, претходно во Собрание, спроведувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ со илјадници амандмани, така ќе продолжи сега веќе и физички на терен да ја поддржува борбата на граѓаните. Секој ден ќе бидеме тука на терен со нив, а исто така и правниот тим и пратеничката група максимално ќе се вложи оваа деструкција да биде спречена”, истакна Јанчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола