(ВИДЕО) Граѓаните чекаат дупло повеќе за бесплатна правна помош отколку лани

Од:

Стотици граѓани не можат да добијат бесплатна правна помош, а самите не се во можност да платат адвокат, бидејќи бесплатната правна помош им следува само на оние граѓаните кои примаат социјална помош.

Дури 45 социјално загрозени граѓани што бараат бесплатна правна помош од државата, чекаат дури по 80 дена за одговор на нивното барање. Тие не можат да го остварат.

Во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) заедно со шесте организации кои го имплементираат проектот, од февруари до ноември оваа година имаат дадено вкупно 860 општи правни информации како форма на претходна правна помош на заинтересирани граѓани.

slika 01

– Ова покажува дека во просек по 100 граѓани месечно се обраќале до правниците во нашата мрежа со цел добивање одговор на некоја правно-административна дилема, односно правен проблем. Од 860-те општи правни информации, биле дадени и 417 иницијални правни совети во врска со правото за користење на бесплатна правна помош (БПП). Ова значи дека скоро половина од граѓаните кои се обратиле со некакво општо правно прашање до нашата мрежа, притоа биле запознаени со условите поставени од Законот за бесплатна правна помош. Од нив, 104 граѓани добиле помош при комплетирање на барањето за бесплатна правна помош кое се поднесува до подрачните единици на министерството за правда, рече Александар Стојановски, координатор на проектот Пристап до правда во Република Македонија.

Гледајќи ја структурата на 860-те дадени општи правни информации, може да се воочи дека дека најголем дел од општите правни информации кои биле дадени во врска со правни дилеми, граѓаните ги имале се во делот на: Социјална заштита 163 или 19% Судски, управни и извршни постапки 138 или 16% Семејни односи 74 или 9% Семејно насилство 69 или 8% Здравствено осигурување 73 или 8% Заштита на деца 40 или 5% Работни односи 44 или 5% Пензиско осигурување 39 или 4%.

slika 02

Статусот „примател на социјална помош“ е поставен како задолжителен услов за добивање на бесплатна правна помош. Во оваа смисла, паѓа во очи процентот на граѓани кои се обратиле во врска со проблем или потреба од остварување право од областа на социјалната заштита (19% или 163 граѓани).

slika 03

Загрижувачко е тоа што лицата кои не се носители на правото на социјална помош, по автоматизам се заобиколени од остварување на правата кои ги обезбедува Законот за бесплатна правна помош.

Проблемот е во тоа што граѓаните имаат потешкотии да остварат далеку поосновно право од правото на бесплатна правна помош, кое право пак е условено со имање статус на лице „корисник на социјална помош“, што очигледно е премногу комплициран статус за стекнување во нашиот административно-правен систем за голем број граѓани.

slika 04

– Постапката за решавање по поднесените барања за БПП, повторно е забавена и сè уште го пробива законскиот рок. Просечното време за донесување одлука по поднесените барања бележи пораст. Во споредба со 2013-та година кога просечното време за одлучување по поднесените барања за БПП изнесува 38 дена, оваа година (2014-та) има пораст на просечниот период на одлучување за повеќе од 100% и сега изнесува скоро 80 дена, вели Стојановски.

Овој податок укажува на фактот дека е речиси невозможно да се донесе решение во законскиот рок од 20 дена и да се даде квалификација дека постапката во практиката го исполнила начелото за итност, врз основа на кое е уредена.

Постапката за одлучување по барањето за бесплатна правна помош која трае 80 дена, не овозможува одобрување на бесплатна правна помош за правни прашања за кои се предвидени кратки рокови за преземање на правните дејствија (работните односи, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, како и за определени имотно-правни прашања за кои се пропишани кратки рокови).

slika 05

Уште помалку овозможува помош во случаи на семејно насилство или нарушени семејни односи кои на национално ниво бележат пораст. Податокот за 40 барања за БПП кои сè уште се во постапка на одлучување и скоро 20 барања за БПП кои биле запрени пред првостепената одлука да биде донесена, укажуваат дека имаме проблем со имплементацијата на принципот на итност во постапувањето по овие барања.

ФООМ заедно со шесте партнерски организации кои работат на оваа проблематика, земаат активно учество во тестирањето на примената на овој механизам, но исто така имаат и конструктивна улога преку пружање помош при неговата измена и подобрување. Една од шесте партнерски организации (Македонско здружение на млади правници) учествува во работната група формирана од Министерство за правда која има задача да го подобри ова законско решение и да овозможи полесен пристап до правото на бесплатна правна помош.

slika 06

– Сакаме да ја поздравиме заложбата на Министерството за правда за подобрување на овој закон, но, исто така, сакаме да потенцираме дека итно е потребна сеопфатна промена во структурата и функционирањето на овој механизам. Потребна е промена на условите кои законот ги диктира со цел опфаќање на лица и граѓани кои не се во можност да го трасираат и изодат патот до социјална помош, лица кои се жртви на семејно насилство, лица кои имаат потешкотии во врска со остварување на нивните работнички права, итн. Потребна е децентрализација при одлучувањето за барањата за БПП. Моменталниот период потребен за одлучување по однос на барањата за БПП од 80 дена е крајно проблематичен и не дозволува запазување на преклузивни рокови кои административно-правните системи ги наметнуваат, рече Стојановски.

 

Инаку, според Законот, НВО секторот не смее да се рекламира дека им нуди бесплатни правни совети на граѓаните, па тие граѓани тешко доаѓаат до информации за нивните права

Дел од овој проект се невладините организации: „Македонско здружение на млади правници – Скопје“, „Национален ромски центар – Куманово“, „Младински културен центар – Битола“, „Едукативно – хуманитарна организација ЕХО – Штип“, „НВО Избор – Струмица“, „Здружение за граѓанско општество 8-ми септември – Скопје“, како и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“. Граѓаните можат да се обратат за правни совети кај овие здруженија.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов