ВИДЕО: Граѓаните бараат оставка од Зврлевски и раководството на МТВ

Од:

Група граѓани предводени од лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, по МРТ се собраа пред Јавното обвинителство, каде што побараа оставка од јавниот обвинител, Марко Зврлевски, а тоа ќе го бараат секоја вечер додека не се повлече.

Вечерва дојдовме овде да побараме од државниот јавен обвинител веднаш да поднесе неотповиклива оставка. Бараме во оваа зграда да се најде само еден маж-јавен обвинител, кој ќе ја укине одлуката насочена кон МРТ, по што уредникот Горан Петревски ќе започне со емитување на аудио материјалите кои можевме да ги слушнеме во изминатите недели. Македонскиот народ не е глуп, многу добро знае и кога ќе слушне уште подобро ќе знае и самиот ќе донесе одлука дали овој монструм ќе го остави да владее или ќе го избрка на клоци. Јас се кладам дека ќе биде второто, рече Ангелов.

„Ова е искра“, рече Ангелов, а граѓаните извикуваа барајќи оставка од Јавниот обвинител, Марко Зврлевски и од раководството на МТВ.

Тие се незадоволни бидејќи Јавниот сервис не ја извршува својата функција и не ги објавува снимките кои што на прес конференција ги презентира опозицијата.

Од обвинителот бараат оставка бидејќи МТВ како што наведуваат од раководството добила забрана од Зврлевски да ги објавуваат снимките.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај