(ВИДЕО) Граѓани: БЕГ нема лиценца за работа во Македонија, незаконски добиваме фактури

Од:

Дистрибуцијата на топлина „Балкан Енерџи Груп“ нема лиценца за наплатување на парно, а сметките кои ги добиваме од таму се фалсификувани, имаат фотокопиран печат и потпис, обвинуваат граѓаните на денешниот протест против топлификација.

Според нив, ниту една од фактурите од БЕГ која стигнала до рацете на граѓаните не е оргинал, односно сите се копирани, а судиите судат според фалсификати.

– Јас тврдам дека БЕГ нема лиценца за наплатување на парно. Едно прашање до судиите, дали не сфатија дека направија од извршителите милијардери. Ова е комплет противзаконито водење на постапка, видовме толку глупост на едно место од страна на владејачкото мнозинство, бидејќи сепак е тоа чекмеџе на ВМРО-ДПМНЕ, тие си ги бранат парите. Сакам да ја поздравам Госпоѓата Авировиќ, бидејќи таа е фронтмен кога е во прашање глупоста, вели Момчило Ивановски.

Ивановски вели дека веќе со години се обидуваат да и објаснат на власта дека работи против законите.

– Сакам да поставам многу едноставни прашања, затоа што со комплицирани ќе ги збунам. Прво, кој закон го погрешивме кога го раскинавме договорот со топлификација? Законот го дозволуваше тоа. Со кој закон БЕГ ги зема нашите лични податоци од топлификација и топлификација зошто им ги дала, вели Ивановски

Граѓаните велат дека се исклучиле од Топлификација кога законот тоа им го дозволувал, па ако прописите се менувале од подоцнежен датум тоа не треба да важи за нив.

– Јас сум жител на Охрид. Врз која основа ме теретат мене дека во Скопје, во станот на син ми е исклучено парното? Ова го нема никаде во светот, вели охриѓанецот Славе Крстовски.

Граѓаните ја објавија и својата „бомба“, во која стои дека Град Скопје ги исклучило средните училишта „Арсениј Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“ од Топлификација, а тие немаат никакви тужби кон нив, а истото се случило и во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Протест во Косовска Митровица, општинските работници сакаат да се вратат на работа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Баковска: Власта да ја повлече одлуката за отпуштање на 700 образовни асистенти за деца со попреченост

(ВИДЕО) Трајковски: Образованието мора да биде приоритет, власта да ги промени погрешните политики

(ВИДЕО) Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите