(ВИДЕО) Градинка во Охрид небезбедна поради земјотресите

Од:

Комисијата за утврдување на штети во Охрид одлучила да затвори една градинка бидејќи таа била небезбедна за најмладите, изјави Вероника Шендова од земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

– Постарите објекти кои се вонстандардни се поранливи, но и тие се прилично во ред. Засега имаме забрана за еден таков објект и на една градинка бидејќи е пукната фугата. Другото е се безбедно, не очекуваме да се појават позначајни оштетувања, рече таа.

Шендова кажа дека новите градби во градот се безбедни, но наведе дека оние кои се градени од камен сепак се покажале како понестабилни објекти.

– Брза процена на објектите кои се пријавени како оштетени. Ги посетивме градинките како примарни објекти. Ги видовме и другите објекти, остануваме тука, ако треба ќе се засилиме со повеќе екипи. Она што го очекуваме го имаме и на терен. Сите кои се градени по прописи немаат ниту минимални оштетувања. При случување на посилен земјотрес, објектите би имале евентуално минимални оштетувања. Можни се пукнатини или одвојување на ѕидовите, рече таа.

Граѓаните кои имаат штети можат истите да ги пријават на бројот 195, а надлежните институции се на терен во градот, додаде Шендова.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Ако не се најде решение, земјава од март ќе остане без мрежата од 13 сеизмолошки станици

Катерина Ѓуровски

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност