ВИДЕО: Град Скопје со голема акција за дезинфекција и миење на јавни простори

Од:

Во текот на денешниот ден екипите на Град Скопје, јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје со цистерни со специјално средство спроведоа голема акција за миење на градските сообраќајници, пешачки и велосипедски патеки, како и автобуските постојки во сите општини.

Со оваа голема акција опфатени беа и патеките на Кејот на реката Вардар, сите поголеми паркови (Градскиот, Жена Борец, Ибни Пајко, Македонија, Чаир, Ѓорче Петров и Рајскиот парк), парк-шумата Водно (Марково Крувче, Средно Водно, Милениумскиот крст…), парк-шумата Гази Баба, СРЦ Сарај и скопското Кале, каде покрај миење на патеките, рачно и со посебна опрема се врши и целосна дезинфекција на целосната паркоска опрема (клупи, павиљони, дрвени мостови, реквизити и справи за вежбање…).

Во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје го помага Министерството за здравство преку проширување и изградба на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Инфективната клиника.

Големата акција за дезинфекција и миење на сообраќајниците и јавните простори во сите скопски општини ќе продолжи и во текот на утрешниот ден. Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски