ВИДЕО: Град Скопје не успеа да го спречи собирот за поддршка на лицата со посебни потреби

Од:

И покрај опструкциите од страна на Град Скопје, собир за поддршка на лицата со посебни потреби на плоштадот Македонија сепак ќе има. Техниката задолжена за поставување на бината за вечерашното дружење, пред Триумфалната порта била задржана повеќе од половина час. Градските власти не дозволувале да биде поставена бината, но откако хуманистот Бојан Јовановски го пријави овој проблем на социјалните мрежи и ги повика медиумите, тие експресно ја променија одлуката и техниката беше пуштена на плоштадот.

– Техниката не можеше да влезе поради тоа што имаше забрана од градските власти, но после мојот повик на Фејсбук, тие некако се удоволија, покажаа солидарност и ни дозволија да се поставиме на местото каде што беше договорено, рече Бојан Јовановски.

Јовановски вели дека се приклучува на оваа иницијатива започната од родителите на децата со посебни потреби како јавна личност и свесен граѓанин да даде поддршка и да помогне при собирање на потписи со цел оваа категорија на граѓани да си ги добијат своите права.

– Вечер ќе се случи дружење со лицата со специјални потреби, јас се приклучив како јавна личност и свесен граѓанин кон иницијативата која беше наречена 5 до 12 на луѓето кои кампуваа во „Жена парк“. Се приклучив да им ја дадам мојата поддршка, се случи таа книга на солидарност каде што граѓаните се потпишуваа симболично и на тој начин ја изразија поддршката за оваа категорија на луѓе. Утре е последниот ден кога се затвора таа книга на солидарност и без оглед што се собрани десет илјади потписи, ние сакаме да собереме многу повеќе за да покажеме дека тие лица се дел од нас и ги поддржуваме и нив и нивните семејства и сакаме да им се исполнат нивните барања, вели Јовановски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески