(ВИДЕО) Готово е! ечи пред Собрание

Од:

Илјадници граѓани се собрани вечерва пред Собранието, носат транспаренти на кои пишува: „Сакаме слободни избори“, „Слобода за медиумите“, „Никогаш повеќе ваква власт“

Има и такви кои носат саксија на која пишува Хорхе, со мал фикус што го претставува Ѓорге Иванов.

– Бараме повторно свикување на Собранието, одлагање на изборите и оставка на Иванов. Динамиката со која се спроведуваат реформите не овозможува враќање на демократијата. Македонија ризикува да влезе во подлабока антидемократија. Собранието треба итно да се состане, во спротивно останува само активно да ги бојкотираме однапред наместените криминални избори, беше речено на протестот кој се одржува под мотото „Одложете ги изборите – во спротивно бојкот“

Протестот засега се одвива мирно, се скандира „Готово е Никола!”, “Оставка!”, „Оди си!“.

Собранието е опкружено со силно полициско обезбедување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите