(ВИДЕО) Гошев: „Фараоните“ ја уназадија Македонија

Од:

Долгогодишниот политичар Петар Гошев во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека Македонија назадува поради аматерски, популистички, економски политики, поради незнаење како да се дефинира местото на државата и местото на пазарот.

„Назадуваме затоа што се гушат човековите права и слободи, назадуваме затоа што се зголемуваат конфликтите во општеството, назадуваме затоа што секојдневно испраќаме сигнали до меѓународната заедница дека Македонија сè уште е држава под знак прашање и во тој случај не помагаат никакви реклами, никакви патувања по светот за молење странски инвеститори да дојдат во Македонија“, вели Гошев.

Денешната раководна екипа, вели Гошев, работи на перцепциите, 24 часа работат на прашањето на формирање перцепции, 24 часа, и тоа е фантастичен ентузијазам, тоа е фантастичен напор.

„Во Македонија властите изгради пирамида чиј песок полека истекува и таа полека се затвора, но за разлика од колегите фараони пред неколку илјади годни, нашиве сегашни се надвор од пирамидата што се затвора, а во неа останува остатокот од народот што не се иселува до Македонија, а тие отстрана го гледаат спектаклот качени во златните кочии спремни да заминат. Тоа се случува со Македонија. Македонија буквално се топи, овој процес што се случува е страотен и прашање е кога, дали и кој може да го сопре. Македонија на економски план – само Македонија и Босна Херцеговина назадуваат, сите други со коишто бевме заедно и околу нас напредуваатЗначи ние назадуваме, назадуваме поради аматерски, популистички, економски политики, поради незнаење како да се дефинира местото на државата и местото на пазарот. Назадуваме затоа што се гушат човековите права и слободи, назадуваме затоа што се зголемуваат конфликтите во општеството, назадуваме затоа што секојдневно испраќаме сигнали до меѓународната заедница дека Македонија сè уште е држава под знак прашање и во тој случај не помагаат никакви реклами, никакви патувања по светот за молење странски инвеститори да дојдат во Македонија“, вели Гошев во интервјуто.

За споменување на неговото име за функцијата претседател. Гошев им се заблагодарува на сите што помислуваат дека тој може да обавувам таква функција, но потенцира дека сè уште не одлучил дали повторно ќе се активира во политиката или не.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Шкотска пак ќе гласа за независност, предложен закон за нов референдум

Жарко Настоски

Британските лабуристи поддржуваат нов референдум за независност на Шкотска

Косово одбележува 11 години независност

Цариградскиот патријарх со одлука за признавање на Украинската црква

Кристијан Ландов

Џафери: Пред 27 години во Собранието поставени стратешките цели на Македонија – евроатлантските интеграции

Наум Локоски