ВИДЕО: Гореа автомобили во Ново Лисиче

Од:

Три втомобили гореа на паркинг во населбата Ново Лисиче во близина на последната автобуска станица на 5-ка. Засега нема информации што е причината за пожарот.

Posted by Vele Veljanovski on Недела, 09 август 2020

Едно возило е сосема уништено додека останатите две се делумно зафатени. Според информации на А1 он, во МВР е пријавено дека на булеварот АСНОМ, на паркинг имало опожарено патничко моторно возило.

„Кога е излезено на местото, констатирано е дека целосно е опожарено возило марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно биле опожарени две возило марка „фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје. Пожарот беше изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски