ВИДЕО: Гори во фабриката „Треска“, запалени се бараки, пожарот се шири кон зградите

Од:

Голем пожар во кругот на фабриката Треска изби попладнево. Засега причините не се познати, а голем број противпожарни бригади веќе го гаснат пожарот, за да спречат тој да се прошири и на околните објекти.

Горат повеќе бараки, а според првичните неофицијлани информации, пожарот се шири и кон зградите.

„А1он“ проба да стапи во контакт со командирот на Противпожарната бригада Sвонко Томевски, но тој кажа дека не може ништо да зборува сега, бидејќи е вклучен во гаснењето на пожарот.

Црни облаци чад се гледаат од секоја страна на Скопје.

Се очекуваат повеќе информации.

Би можело да ве интересира

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место