(ВИДЕО) Голем пожар – црн чад и силен мирис – Гори фабрика за бои и лакови во Фалиште, Тетово

Од:

Опасен пожар беснее во фабрика за бои и лакови во село Фалиште, тетовско. Како што може да се види од фотографиите огнените јазици го зафатиле целиот објект од кого се шири и густ црн чад.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови ,,Еуроком”. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. На припомош пристигнале и колегите пожарникари од Гостивар.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско.  Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот. На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.

Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа Магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затвори прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија