Почитувани сограѓани, во името на коалицијата “Сојуз за иднината” сакам да Ви се заблагодарам и да Ви оддадам признание за Вашата огромна поддршка на синоќешниот митинг во Скопје. Но во исто време, да Ве потсетам дека нашата битка за рушење на овој партиско-полициски режим продолжува до конечна победа, до враќање на демократијата во нашата држава, рече Васко Ковачевски, носител на советничката листа од Сојузот за иднината во Битола.
Затоа, вели, Ве повикувам утревечер во 20 часот да ја покажеме силата на народот и да излеземе на митингот во Битола, на плоштадот Магнолија.
Утревечер, сите заедно, уште еднаш да и порачаме на оваа расипничка власт, која 8 години немилосрдно ги расфрла нашите пари за бронза, мермер и скапи кампањи, дека треба и мора да си оди. Време е!