(ВИДЕО) Гневни родители во расправа со директорката на училиштето, Жерновски и рече да понесе одговорност

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски пред родителите на затруените деца побара од директорката на училиштето 11 октомври да си понесе одговорност за тоа што се случи во училиштето.

-Вие треба да си понесете одговорност. Зошто во ниедно друго училиште нема никаков проблем, а кај вас постојано има проблеми. Ако се случува ова во училиштето, тоа е ваша одговорност, ја праша Жерновски.

-Сите ние знаеме со чиј потпис сте назначени на оваа функција, рече тој.

Револтираните родителите ја прашаа директорката зошто нема храна за децата веќе 20 дена во училиштето, а таа купува и набавува електронски табли.

-Првенствено ви веа битни електронските табли, немаме храна, немаме вода, вас ви е до електронските табли, и се обрати на директорката родител.

Во училиштето се појави и заменик министерот за образование, Спиро Ристовски кој бараше да не се снима целата расправа помеѓу родителите и директорката Данилела Костадинова.

-Нека снимаат, се треба јавноста да знае, реагираше еден родител.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек