(ВИДЕО) Глигорова: Тука сме поради аболицијата на свеста, сакаме поправична Македонија

Од:

Тука сме поради аболицијата на свеста, поради нашите идни генерации, за да живеат во посреќна, поправична Македонија, рече пред демонстрантите Ана Глигорова.

Таа истакна дека нејзината последна информација е дека се направени извршни одлуки на 850 милиони евра на физички и правни лица во целата Македонија.

– Ако се обидете да отворите фирма, имате голем проблем затоа што ќе ви дојде пазарна инспекција. Таа пазарна инспекција бара начин да ве казни неколку илјади евра. Ако немате да платите, тогаш ви доаѓа извршител и таа казна станува дупло поголема. Ако немате пари да го платите извршителот, тогаш ќе ја затворите фирмата бидејќи они имаат принцип на наши и тие кои не се наши, односно нивни. Повеќето од нас не се нивни, затоа и плаќаат данок во крв. Ако сакаме да затвориме фирма, тогаш го продаваме станот за да можеме да ја напуштиме државата. Единствено чаре ни е да ја напуштиме државата, рече Глигорова.

Таа истакна дека познава голем број луѓе кои поради овој проблем ја напуштиле Македонија и не се враќаат назад.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата