(ВИДЕО) Глад за дебата: Воведуваме контрола над власта и имаме Визија за Македонија

Од:

Крај за комодитетот, воведуваме контрола врз власта е темата на втората централна дебата којашто се реализираше денеска во Скопје, во рамки на проектот Визијата за Македонија.

„На големиот државен празник 11 Октомври разговаравме дали можеме да го одблокираме закочениот континуитет на одржување и развивање на вековните стремежи за слободна и просперитетна Република Македонија.

Разменувавме мислења за начините на ослободување на контролните механизми врз власта: како до надворешна контрола на МВР и УБК и полиција за граѓаните, а не за власта, како до професионални медиуми ослободени од стегите на власта, како да се заштитат човековите права и институциите на работат за интересите на граѓаните, а не за интересите на власта.

Денешната плодна расправа, на којашто имаше голем број граѓани, претставници на граѓански здруженија, од НВО секторот, покажа дека во јавноста постои буквално глад за дебата“, се вели во соопштението на СДСМ.

VizijataZaMakedonija5 VizijataZaMakedonija8 VizijataZaMakedonija9 VizijataZaMakedonija10 VizijataZaMakedonija11 VizijataZaMakedonija12

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?