(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Зошто три дена се криело насилство во кафе бар во Драчево?

Од:

Безбедносната состојба е драматично нарушена, не поминува ден без посериозен инцидент во кој жртви често се и недолжни граѓани. Власта која не може да воспостави контрола и да ја гарантира безбедноста на граѓаните се обидува преку медиумски мрак да ги сокрие случаите од пошироката јавност, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, медиумите информираат дека пред недела дена во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта како последица на банална расправија се избодени со нож две лица. Дополнително информираат дека едното лице со тешки телесени повреди на дишните патишта се бори за живот. Оваа информација со јавноста е споделена по 5 дена од случајот и тоа не од извори од МВР, туку од информации преку социјалните мрежи, бидејќи и МВР и ЈО молчат.

„Имено настанот кој се случил на 7 октомври, во билтен на МВР е објавен на 10 октомври. Цели 3 дена подоцна. Нападнатите кои се здобиле со тешки телесни повреди по настанот се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Едно од лицата кое што се борело за живот и има тешки телесни повреди, кои се животно загрозувачки. МВР под контрола на Спасовски реагирала цели 3 дена по случајот, при што до ЈО поднело кривична пријава за насилство, а не за обид за убиство. Оливер Спасовски мора да одговори. Кој и зошто го криел настанот цели 3 дена? Кое е лицето напаѓач и дали неговата блискост со СДСМ е причината за односот на полицијата кон овој случај?”, вели Ѓорѓиевски.

Според него, неодговорниот однос на Спасовски и неговата неспособност се главна причина за нарушената безбедност во Република Македонија. Ниту еден 9 – те случаи на убиство кои се случија во негов мандат не е расветлен. Исто како што не се расветлени ниту палењето на коли, ниту грабежите, тепачките и другите деликти кои што станаа наше секојдневие на жалост.

„Нереагирањето на МВР и непрофесионалниот однос кон случаите ќе бидат предмет на истрага со враќањето на правната држава во Република Македонија. Одговорност и правда ќе има”, додава тој.

Би можело да ве интересира

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он