(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев лаже дека никој нема да биде казнет за непознавање и неприменување на албанскиот јазик

Од:

„Зоран Заев лаже! Зоран Заев едно зборува, а друго прави дури и кога се во прашање највисоките државни интереси.

Зоран Заев не го интересира ниту Устав, ниту закон. Го интересира само власта и функцијата од чисто лукративни мотиви.

Зоран Заев лаже дека никој нема да биде казнет за непознавање и неприменување на албанскиот јазик. Зоран Заев лаже дека овој неуставен закон нема да се применува и во Штип и во Прилеп и во Радовиш. Секаде, на целата територија, вклучително и во источна Македонија“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во законот јасно стои дека сите судски постапки, управни, кривични, граѓански, како и постапки пред органите на државната управа ќе мора да се водат и на албански јазик доколку во нив се појави сограѓанин Албанец.

Зоран Заев лаже дека ова нема да се реализира исто како што лажеше на 10 март дека двојазичните униформи и двојазичните пари биле неуставни. Сега Зоран Заев реши и ваквото неуставно решение на сила да го истурка за да се додвори на ДУИ.

Зоран Заев лажеше и на 17 мај кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да се носат закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот.

Законот за двојазичност, кој СДСМ и парламентарното мнозинство насилно го донесоа во Собранието е штетен, неприменлив и неуставен.

Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава. Овој закон во поголем број на членови ги надминува Уставот и Рамковниот договор.

На Зоран Заев не може да му се верува!

Зоран Заев го доби мандатот благодарение на неговата гаранција дека нема да работи во спротивност со Уставниот поредок на државата и нема да го менува Уставот.

Заев вети. Заев излажа“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ