(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев и Спасовски преземаат очајнички чекори да го задржат политичкото влијание врз полицијата

Од:

„Се ближи крајот на неконтролираната злоупотреба на институциите од страна на Зоран Заев и неговите послушници. Министерството за внатрешни работи и полицијата од јануари ќе добијат соодветна контрола, а од 12 април, после промената на власта, ќе бидат целосно во функција на граѓаните во борба против криминалот.

Зоран Заев и Оливер Спасовски го знаат тоа и сега на 40-тина денови пред заминување и формирање на техничка влада, преземаат очајнички чекори во обид да го задржат политичкото влијание врз полицијата.

Оливер Спасовски со мали прекини е веќе четири години прв човек во Министерството и дури сега на 40 дена пред заминување, му текнува да предложи измена на систематизацијата.

Потценувачки и за граѓаните и за вработените во МВР“, рече Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со новите измени во Актот на систематизација се креираат локални шерифи за кои Заев и Спасовски се надеваат дека ќе работат по нивна наредба, а не по закон. Двајцата се надеваат дека со новата систематизација ќе ги скратат ингеренциите на новиот технички министер.

Заев и Спасовски гледаат дека губат и затоа се обидуваат да формираат посебни полициски единици кои сакаат да им бидат под целосна партиска команда.

Измените во Актот за систематизација непосредно пред формирање на техничка влада јасно кажува дека Заев го минира идниот технички министер од ВМРО-ДПМНЕ.

На Заев не му одговара независно МВР. Заев и Спасовски сакаат полиција под контрола на партијата.

Измените во Актот на систематизација се изигрување на договорите помеѓу политичките чинители во Република Македонија.

Реформи во политиката се неопходни, но не на овој начин. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев и Спасовски да ја повлечат систематизацијата и да престанат да си играат со државата и институциите. Предупредуваме дека после 12 април одговорност ќе има за сите оние кои нема да постапуваат по закон, а нема да може да ги заштитат ниту Заев, ниту Спасовски. Ги охрабруваме чесните професионалци во МВР да продолжат да ги документираат сите незаконитости и да информираат за скандалозното раководење.

Граѓаните не се плашат од заканите на партиските шерифи на СДСМ. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, нарушената безбедност и целата несигурност во изминативе три години. На 12 април СДСМ заминува во историјата“, изјави Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее