(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев и ЈО да кажат дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата

Од:

„Дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата и дали Зоран Заев и Вилма Русковска ќе преземат одговорност за тоа?

ЈО со месеци молчи и не презема никакви активности против Дончев, иако истиот е посочен од страна на Вера Иванова, сопственичка на Диамед и нејзиниот адвокат, како човек кој заедно со Зоки Кичеец, омилениот рекетар на Зоран Заев барале удел во нејзината фирма, па откако не им бил даден уделот барале дел од парите од продажбата на фирмата“, рече Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ден Дончев континуирано во период од неколку месеци ја минирал продажбата на Диамед на странски инвеститор, токму со таа причина.

Ден Дончев е еден од клучните играчи на криминалниот октопод и неговото евентуално завршување во притвор би значело откривање на сите пикантерии. Затоа ЈО молчи и заедно со Заев дозволија да избега, затоа што само така се штити самиот Зоран Заев.

Обвинителството иако има докази против Дончев не покрена истрага и овозможува тој да избега.

ЈО молчи и сега откако јавно медиуми обелоденија дека Дончев земал и до 2 милиони евра мито од фирми кои вршеле здравствени услуги на територија на Република Македонија за навремено да им се исплатат парите од ФЗОМ кои што впрочем им следуваат согласно закон.

Доказите за овој криминал според објавеното во медиумите ги имаат и во ЈО, но реакција до денес нема.

Нема затоа што ЈО го штити Зоран Заев кој што е главата на криминалниот октопод, со чие знаење се вршени сите дејствија.

Одговорност за ова мора да има. Заштитени пред лицето на правдата во Република Македонија не смее да има“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му