(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев го евакуира и спасува Дончев, зошто ЈО сè уште молчи и не го повикува на разговор?

Од:

„Според тврдењата и пишувањата на медиумите, Ден Дончев бил главата на криминално-рекетарска шема за земање на мито од фирми кои пружаат разни услуги во здравствениот сектор, за услуги кои ги покрива ФЗОМ.

Ден Дончев, бизнис-ортакот на Заев и во содејство на омилениот рекетар на власта Зоки Кичеец, спроведувал рекет на територија на Република Македонија, објавија медиумите.

Заев сега спроведува операција за евакуација на Дончев и негов спас. Вистинското прашање е зошто Ден Дончев се крие од јавноста и што точно знае?“, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмите како што пишуваат медиумите биле уценувани со исплата на кеш пари на рака на Дончев, со цел истите потоа редовно да се наплатат од ФЗОМ.

Ова е класична злоупотреба на позицијата на најдрзок можен начин. Дончев буквално се однесувал како шериф.

Според податоците изнесени во медиумите, доказите за овој мега криминал, кој претставува впрочем скандал пар екселанс, ги има во зградата зад нас.

Зошто ЈО сè уште молчи и не смее да го повика Дончев на разговор?

Очигледно Дончев е бела мечка за ЈО и со многу го задолжил Зоран Заев, кој впрочем е главата на овој криминален октоподот.

ЈО мора да излезе од сенката на Заев и да покаже дека работи согласно закон. Ден Дончев веднаш да биде повикан на распит и да се отвори соодветна истрага против него. ЈО ќе биде директно одговорно, доколку Дончев си сите сомневања за криминал избега од државата.

ЈО и сите замешани во случајот треба да знаат дека прикривање и помагање криминал е исто така криминал, дело за кое се одговара согласно закон. Одговорност ќе има за сите и затоа повикуваме на строго почитување на законите во Република Македонија“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски