(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Власта прави операција за спасување на Дончев од аферата Рекет 2 затоа што пипците од октоподот одат до Заев

Од:

„Мора навистина да се покажал Ден Дончев чим Рускоска обвинителството на толку афери и сомневања за криминал дозволува да слободно да си замине. И веројатно тие сомневања ги прави должни и врвот на власта и Зоран Заев бидејќи истите му угодуваат на Ден Дончев.

Власта прави операција за спасување на Ден Дончев од аферата Рекет 2 затоа што пипците од овој октоподот одат директно до Зоран Заев.

Оставката на Дончев е бегство од правдата која доаѓа во Македонија со цел бегство од одговорност за сторените криминали, а Зоран Заев и Оливер Спасовски директно му помагаат во сето ова“, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За Дончев постои сомневање дека е вмешан во рекетарска шема со директно земање на пари преку посредници, криминал од кој годишно земал и до 2 милиони евра, како што впрочем вчера кажаа медиумите веднаш по неговата оставка.

Според напишаното од медиумите, доказите за овој криминал ги имаат и во Јавното Обвинителство. Зошто молчат на сите ни е нејасно.

Дали ОЈО и понатаму глуми маша на Заев и сака да го спасува од криминалот во кој е потонат тој и неговите луѓе? И сето тоа на штета на нашите граѓаните и на нашата државата?

ОЈО не смее да молчи! По овие експлицитно нотирани сцени од страна на новинарите, Ден Дончев мора да биде повикан на распит и да биде поведена постапка против него.

Дополнително против Дончев до сега има голем број на индиции кои укажуваат на милионски криминал.

Неговото име беше директно посочено од страна на Вера Иванова, сопственичката на Диамед, дека противправно, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување влијаел да не се случи влез на шведската инвестиција Диаверум во Македонија, која што сакала впрочем да ја купи Дијамед.

Адвокатот на компанијата директно во телевизиско гостување кажа дека Дончев заедно со Зоки Кичеец првин барал удел во компанијата, за откако сопствениците не му го дадат, да бара дел од парите во продажбата. И после ова Дончев не е повикан во ЈО, кое што де факто е под контрола на Заеви.

ОЈО не смее да молчи. Дотолку повеќе што се шпекулира и со бегство на Ден Дончев во Австралија.

До колку ОЈО не преземе ништо не покрене истраги и не направи ништо во насока на дополнително расветлување на овој случај однапред го покриваат евентуалното бегство на Ден Дончев.

Потенцираме дека секој еден кој ќе прикрива или помага криминал за истото ќе одговара со воспоставувањето на правната држава во Република Македонија“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ