(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Спасовски ги гледа во очи граѓаните и ги лаже, исто како и неговиот шеф Зоран Заев

Од:

„Измина точно една година откако најкорумпираниот и најнеспособен министер во историјата на МВР, Оливер Спасовски вети расчистување на скандалот со прислушуваните телефони на Јавното обвинителство.

На први декември минатата година, на спектакуларно најавена прес конференција Спасовски се обиде да го наклевети ВМРО-ДПМНЕ и побара одговори од претседателот Мицкоски.

Ова е насловот од неговиот прес конференција објавен на веб страната ма МВР, која гласи: За скандалот со снимањето, одговорност ќе има! Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја инсталирал и кој ја користел“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тогаш помина точно една година. Ниту одговорност има, ниту се знае кој ја нарачал опремата, ниту кој ја инсталирал, а уште помалку кој ја користел.

Целата прес конференција се сведе на една голема лага. Спасовски ги гледа во очи граѓаните и ги лаже. Исто како и неговиот шеф Зоран Заев.

За причините зошто од истрагата и од ветеното расчистување на случајот нема ништо, постојат две претпоставки. Првата е дека се тотално неспособни и свесно лажеле, а втората е дека се инволвирани до гуша и во овој криминал па го прикриваат свесно.

Двете претпоставки личат на Спасовски, но првата е помалку веројатна бидејќи во МВР има професионалци кои за неколку дена ќе утврдеа кој ги прислушувал обвинителите. Доколку тоа не може да се утврди, подобро е да ја распуштиме целосно полицијата. Затоа втората варијанта е поверојатна. Некому му одговара да ги снима и да ги уценува обвинителите. Затоа не се дозволува расчистување на овој случај.

Да потсетиме дека токму Спасовски тврдеше дека обвинителите биле цела година слушани и снимани.

Што има на тие материјали и кој располага со нив?

Дали можеби нелегално стекнатите прислушувани материјали се причината за несериозното постапување на Јовевски и Русковска во случаите „Рекет“, „Вирус“, Рашковски, крвавите тендери и сите останати криминални афери кои ја тресеа македонската јавност изминативе 3 години, а во кои се вмешани високи функционери на СДСМ и на власта?

Македонија повторно ќе биде правна држава, а наместо криминалот и анархијата по македонските улици ќе се врати правдата, мирот и безбедноста.

Ќе одговараат сите до еден, кои учествуваа и прикриваа криминал изминативе години“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски