(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Референдумот е димна завеса за затскривање на криминалите кои ги прави СДСМ

Од:

Од она што можеме да го чуеме кај нашиот народ, јасно и евидентно може да се заклучи која беше причината на СДСМ и Зоран Заев ваков тип на прашање да постават за референдум. Односно вакво сложено прашање кое што содржи три елементи во себе. Знаеме и самите дека според Уставот на Република Македонија, прашањето за референдум мора да е еднозначно и да биде јасно дефинирано. Ние имаме сложено прашање, а причината за сложеното прашање можеме да ја најдеме кај самиот наш македонски народ, откако ќе ги запрашаме во дискусиите со нив. Значи тие категорично го негодуваат овој договор, не го прифаќаат и не се согласуваат по однос на истиот, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Знаеме и самите дека под завесата димна, која што ја фрла СДСМ и нивната влада со овој Договор, стојат други работи во позадина, стојат криминалите кои што секојдневно ги прават, стојат плаќањето на школување на децата на министрите во странство, стојат заканувањата на актуелните градоначалници ширум Република Македонија, но ние како народ мораме да издржиме и мораме да се спротивставиме на ова зло кое што се случува моментално во Република Македонија, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека освен за прашањата за референдумот со граѓаните разговарал и за актуелната економска состојба и за проблемите кои се важни исто како референдумот.

– Гледаме дека се сочуваме со катастрофа во земјоделието. Имаме 0% пораст на БДП, има нула инвестиции во Република Македонија. Гледаме дека буквално државата ни стагнира на секое ниво. Ова мораме заеднички со нашиот народ да го пребродиме, односно да се спротивставиме на овој режим кој што владее моментално во Република Македонија. Да го победиме како таков и режимот и ова зло кое што е надвиснато над Република Македонија и само така како ВМРО-ДПМНЕ заедно со нашиот партнер, со граѓаните ќе можеме Република Македонија да ја вратиме во правилната насока, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он