(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Пет прашања до Спасовски пред да почне со ветингот

Од:

„Се што СДСМ прави е една обична лага и измама. Проблемот е што цената на нивните измами ја плаќаме ние граѓаните, а Република Македонија е блокирана во отпочнувањето преговори со Европската Унија.

Последната измама е процесот на ветинг кој што го најавуваше Оливер Спасовски. Има ли поголема иронија кога вака сериозен процес се најавува на прес конференција со професор чија сопруга е неодамна вработена. Еве за почеток на ветингот Оливер Спасовски нека каже кога, каде и по кои услови е вработена сопругата на Никола Дујовски? Дали е точно дека таа е вработена пред неколку месеци во МВР како што пишуваа медиумите за тоа? Доколку е така, дали реално може да се очекува објективен став и критика за катастрофалното работење на Спасовски“, праша Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветингот на Спасовски има само една цел. Пресметка со професионалците и оние кои не се под партиска и политичка контрола на Спасовски а истовремено и отварање на простор за лична заработка на неговите соработници и послушници.

Еве еден предлог од каде да почне ветингот.

Прашање број 1. Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Оливер Спасовски?

Прашање број 2. Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол?

Прашање број 3. Дали МВР пред еден месец издало одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста?

Прашање број 4. Дали имал влијание и какво влијание имал советникот на Спасовски при носењето на одлуката?

И конечно прашање број 5. Доколку Спасовски е загрижен за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата да одговори за колку ќе го зголеми семејното богатство неговиот советник откако е вработен во МВР до денес?

Спасовски го претвара МВР во филијала на СДСМ со една единствена цел, лично богатење. Еве класичен пример за судир на интереси. Неговиот советник за комуникација на социјалните мрежи е позаинтересиран за огласи за вработување во приватната фирма отколку за безбедноста на граѓаните и борбата со криминалот за кои што и зема пари од граѓаните на Република Македонија.

Време е да се вклучи и антикорупциската комисија и да преземе мерки за да го санкционира конфликтот на интереси“, изјави Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски