(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Општина Струмица искеширала 70 тендери и преку милион евра на фирмата на Цветанка Иванова од СДСМ

Од:

„Зоран Заев и неговите блиски соработници ја исцицаа државата. Додека народот тоне во сиромаштија и не знае како ќе преживее до утрешниот ден, Заев и неговите функционери си делат милионски тендери.

Општина Струмица и фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ – Струмица се слика и прилика како Заев работи на државно ниво и аларм зошто на овие избори мора да го запреме да ја ограбува Македонија. Фирмата „ДИКОР“ само од општина Струмица има добиено преку милион евра.

Не еден, два или три тендери, туку 70-тина тендери тешки над милион евра. Па и од Заев ако е, многу е. Инаку фирмата Дикор е семејна фирма на Цветанка Иванова, актуелен генерален секретар на Собранието и омилена пратеничка на Зоран Заев“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирмата Дикор во моментов е во сопственост на нејзиниот син Зоран Иванов, а претходно била во сопственост на нејзиниот сопруг Димчо. За Фирмата Дикор нема ни корона криза, ни економска криза. На 28 април си добива скоро 11 милиони денари од Општина Струмица. Пред тоа, во февруари добива уште 5 милиони.

Само од октомври до април година, семејната фирма на Иванова со општина Струмица склучува договори тешки половина милион евра. Претходно, кога фирмата ја води сопругот на Иванова, со општината склучува 64 договори од кои 59 се во четири очи, односно без воопшто да се распише јавен повик.

Еве вака се трошат народните пари. Сепак, тука не завршуваат бизнис релациите меѓу Иванови и Заеви. Синот на Цветанка, Зоран Иванов заедно со Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев ја основаат фирмата Омни Градба.

Антикорупциската комисија од декември минатата година молчи за доделените тендери за чистење снег на фирмите на генералниот секретар на македонското собрание, Цветанка Иванова.

Ова е животот кој што го ветуваа и донесоа. Од обични административци, соработниците на Заев станаа милионери со доделување набавки без тендери на семејните фирми.

Ова мора да го запреме на 15 јули. Јасно е дека тие можат да крадат уште повеќе, но ние мора масовно да излеземе и да не им го дозволиме тоа.

СДСМ и Заев покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо!“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски