(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Нема казна за насилникот Курто Дудуш, но се шиканира новинарот кој посочил неговото насилие

Од:

Додека се Заев и СДСМ на власт нема ниту правда, ниту правдина во нашата држава. Законот не важи за функционерите блиски до Заев. Тие може да крадат, да малтретираат, да се закануваат и да тепаат луѓе, а органите на прогонот само ќе ја свртат главата и целосно ќе го амнестираат насилството, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Вчера слушнавме како Сенад Јашар јавно сведочи за насилството од страна градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш врз него.

Сенат Јашар сведочи дека бил затворен во кабинетот на Курто Дудуш и дека бил тепан од него и неговиот советник со шамари и тупаници.

Шест месеци по обелоденувањето на оваа аферата нема никаков исход.

Напротив се повикуваат и застрашуваат новинари кои што оваа афера ја обелоденија во јавноста.

Нема казна за насилникот Курто Дудуш и неговите пајташи, но затоа се шиканира новинарот кој посочил на ова насилие.

Вчерашното сведочење на Сенат Јашар го отсликува криминалот на оваа власт. Врз него е вршен систематски притисок за да го смени исказот и да го заташка овој случај. Полицијата на Спасовски е активен учесник во затскривање на овој настан.

Ваквото криминално однесување на власта, обвинителството и судството е срамно и недолично. Нема држава во Европа каде градоначалник претепува граѓанин преку кого претходно сакал да договара матни зделки, а да остане несанкциониран.

Ги охрабруваме сите граѓани на Република Македонија, не само Јашар, не се сами во оваа битка, секој еден граѓанин кој е репресиран од страна на власта време е да го крене својот глас.

Наскоро правдата доаѓа. Одговорност за секој еден прекршител на законите ќе има.“, наведе Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ