(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Началник на СВР Штип се уште е човек за кого има кривична за криумчарење мигрант

Од:

Спасовски и СДСМ во МВР на позиции држат лица против кои се води крвична постапка за тешки кривични дела против човечноста. Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип го држи Љупчо Трајковски, против кого според нашите информации е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти според чл.418-б од КЗ, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека против Трајковски надлежниот суд има изреченомерка на претпазливост – одземање на патна исправа. Трајковски, иако осомничен за сериозно крвично дело, против човечноста и меѓународното право, за кое според ст. 5 од чл. 418-б, бидејќи истиот е службено лице му се заканува казна затвор од најмалку десет години, сеуште ја извршува функцијата началник.

-Како може граѓаните од Источна Македонија да се чувствуваат безбедни кога главниот полицаец на истокот е лице кое е осомничено за кривично дело за кое казната затвор е над десет години.

Дали Спасовски и СДСМ го држат на позиција Трајковски со цел истиот да им биде од полза за изборите? Ако знаеме дека истиот свесен за казната која му стои над глава би бил лесен за команда на неговите криминогени шефови Заев и Спасовски.

Дали Трајковски е оставен на позицијата началник за да ги извршува криминалните работи на СДСМ?

Трајковски не е прв случај во кој што првите соработници на Спасовски се фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Неговиот советник Драгам Симоновски беше приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немаше, советникот на Спасовски продолжи да си оди на работа, а доказите мистериозно исчезнаа и Русковска обвинителството се откажа од прогон.

Луѓе како Трајковски и Симоновски не смеат да бидат лице на МВР. Граѓаните заслужуваат чесна и професионална полиција, а не полиција со која командувааг криминалци.

МВР мора да биде во функција на граѓаните. Потребна е промена на СДСМ. За да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито