(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: МВР се претвори за паричка за поткусурување на коалициските договори

Од:

„Со прифаќањето на капитулантскиот договор со соседна Грција, СДСМ и нанесе огромна политичка штета на Република Македонија, а со криминалното, коруптивното и дилетантското работење во економските ресори, земјата е клекната на колена и на финансиски план.

– Сега со комплетната партизација на Министерството за внатрешни работи, Македонија се доведува во опасност и на безбедносен план. Оливер Спасовски и СДСМ директно удираат врз професионалноста на полицијата. Пред неполни месец дена лажеа дека не се подготвува чистка во специјалните единици, а сега ја манипулираат јавноста дека тоа било согласно потребите на службата. Десетици обучени специјалци се прераспоредени на позиции на кои не се неопходни нивните вештини. Обуката за секој од нив чини десетици илјади евра, а сега Спасовски и СДСМ го отфрлаат сето она што е инвестирано во овие професионалци изминатите години. Тоа се луѓе кои имаат непроценливо искуство и кои учествувале во бројни акции како „Планинска бура“ или „Диво Насеље“ и за безбедноста на Република Македонија го ризикувале и сопствениот живот“, рече Орце Ѓорѓиевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец