(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Син на советник на Оливер Спасовски избол полицаец

Од:

„МВР под криминогеното раководство на Оливер Спасовски го допре дното.

Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе.

Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта.

Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа са му извадат еден бубрег и слезина.

Луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.

Ова е вистински одраз на хаосот што владее во Македонија. Веќе никој не е безбеден од овие бандити на власт.

Убијци и криминалци се шетаат на слобода, додека патриоти и невини граѓани лежат во затвор.

Убиецот на младиот Мартин Јанушев не е затворен и две години по бруталната егзекуција. Не се во затвор ниту убијците кои на Рузвелтова, среде Скопје стрелаа со калашникови и одзедоа два човечки живота.

Со Заев, Спасовски и Пендаровски загрозени се животите на сите граѓани. Сигурни се единствено криминалците. Со Заев Спасовски и Пендаровски Македонија оди назад, а Скопје наликува на Белград од 90-тите години.

Ова безредието мора да запре. Граѓаните заслужуваат и имаат право да бидат безбедни. Власта која е неспособна треба час поскоро да си замине“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец