(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Кој ги штити бруталните убијци кои ликвидираа две лица среде Скопје?

Од:

„Кој ги штити бруталните убијци кои со калашникови ликвидираа две лица среде Скопје пред точно еден месец?

Уште тогаш кружеше дилемата дека две лица од безбедносните служби, па дури и врвот на МВР им помогнал на ликвидаторите да избегаат од лице место исто како што избега и убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев во изминатиот период.

Ова беше толкувањето зошто МВР не направи обрач околу сторителите. Ова толкување се повеќе добива на сила особено еден месец подоцна кога не само што не се уапсени сторителите, туку не е соопштен ниту нивниот идентитет и ниту пак има информација дека по нив има потерница, ни внатрешна, ни меѓународна“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден месец подоцна, Оливер Спасовски не понесува одговорност за нарушената безбедност, а убијците се слободни и секој од нас може да биде нивна наредна мета.

Во Македонија царува криминалот. Убиства, престрелки, насилство на улиците станаа наше секојдневие од денот кога СДСМ ја презеде власта во Република Македонија. Коалицијата на СДСМ со криминалното подземје продолжи, а цената за концесиите на Заев кон подземјето ја плаќаат нажалост нашите граѓани неретко и со своите животи.

Неработењето на Спасовски кој наместо да го гони го помага криминалот е ветер во грб за шерифите кои своите меѓусебни престрелки ги пренесоа на улиците ширум нашата држава.

Цел месец МВР на чело со Спасовски не може да идентификува кој се возеше со зелениот „Ленд Ровер“, кобната ноќ на 29-ти септември кога во мафијашки стил свирепо беа убиени две лица, а едно лице остана тешко повредено среде Скопје.

Спасовски цела година не може да го пронајде ниту убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој беше исто така застрелан пред својот дом. Правдата не е задоволена ни во случајот со убиството на младиот Саздо кој крвнички беше претепан додека чекаше автобус.

Нашите граѓаните не се чувствуваат безбедно. На Родителите им е страв со своите деца да излезат надвор на улиците. Безбедносната состојба во Македонија е целосно нарушена. Спасовски мора да понесе одговорност за оваа состојба. Најмалку што може тој во моментот да направи е да си понесе неотповиклива оставка“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец