(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Дали зад Пин Петрол стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!?

Од:

„Власта во заминување ограбува се што може да се ограби. Секој денар мора да заврши во џебовите на функционерите на СДСМ или пак на нивните спонзори.

Пин Петрол, фирма која отвори бензинска, а камен темелник фрлаше Оливер Спасовски, си доби тендер за технички преглед на моторни возила.

Пин Петрол е сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски.

Неговиот татко е главен финансиер на СДСМ Куманово. Ова е извадок од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, од каде се гледа дека МВР после лиценцата му дала и тендер на татко на Петрушевски за отворање на технички преглед за моторни возила. Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте“, рече Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во една година се отворени и бензинска пумпа и станица за технички преглед за моторни возила. Јавноста шпекулира и отворено се прашува, дали зад Пин Петрол стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!?

Кога веќе ЈО не истражува ја повикуваме Антикорупциската комисија да го истражи случајот со бензиската станица и доделувањето на лиценцата за технички преглед. Институциите треба да истражат дали бизнисите на Пин Петрол се отвораат по легален или нелегален пат со нелегални пари!?

Дали бизнисите на Пин Петрол, како што е и скорешната лиценца за технички преглед се резултат на влијание од страна на Оливер Спасовски и неговиот советник и дали истиот има материјален интерес од разработувањето на оваа фирма!?

Бизнисите на ПИН ПЕТРОЛ се крајно сомнителни. Потребно е итно да се испитаат сите индиции, а доколку тоа не се стори сега, ќе биде сторено по 12 април“, изјави Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава