(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Дали по Жарко Пачемски, близок соработник на Жерновски, во МВР се примени и деца на обезбедувачите на Спасовски

Од:

На еден месец пред отстапување на министерството за внатрешни работи Зоран Заев и Оливер Спасовски го партизираат МВР, обвини денес Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и праша дали е точно дека во последните дваесет дена се примени над сто лица. Според него, кружат информации дека бројот на систематизирани места е неколку илјади над бројот на местата кои во моментов се пополнети.

„Дали после некомпетентниот Жарко Пачемски, близок соработник на Андреј Жерновски, во МВР се примени и деца на обезбедувачите на Оливер Спасовски? По кои критериуми, на кој оглас и кога е примена на работа извесна Теодора и дали таа е ќерка на припадник на неговото обезбедување?“, праша Ѓорѓиевски.

Друг феномен кој паралелно се случува во МВР Ѓорѓиевски вели дека се интерните огласи преку кои Спасовски во очи на изборите се труди да ги пополни местата кои не го интересирале изминативе четири години откако е министер.

„Се пополнуваат места на кои треба да дојдат професионалци, но очигледно СДСМ се плаши дека во таков случај, полициски службеници кои работат по закон, лесно би можеле да ги откријат сите криминали коишто се правени во МВР. Затоа прашуваме колку интерни огласи во изминатиот месец се распишани во МВР? Зошто се брза со пополнување на местата на овие кои со наредба извршуваат работни задачи токму сега? Ова ли е системот на кариера за кој се залагаа началниците на одделите за управување со човечки ресурси кога се носеше законот за внатрешни работи?“, рече Ѓорѓиевски.

Трет процес, според Ѓоргиевски, во моментов се заканите кон мнозинството професионалци кои постапуваат согласно закон и одбиваат да ги извршуваат политичките нарачки на Спасовски. Тие се казнуваат и деградираат, а десетици процеси против МВР за незаконските прераспределувања се веќе завршени во корист на оштетените.

„Врз МВР се фрла црна дамка и му е нанесена сериозна финансиска штета“, вели Ѓоѓиевски.

Тој најави дека за овие скандалозни одлуки ќе биде информирана и меѓународната заедница, а после неизбежниот пораз на изборите, рече дека ќе биде истражена одговорноста на сите кои му помагале на Спасовски во бруталните злоупотреби на овластувањата.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски