(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Четири дена МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ

Од:

„Највисокиот врв на власта е најодговорен за срамното и вандалско однесување во МНТ. Недоличните сцени се со знаење на највисоките функционери во власта.

Четири дена МВР молчи и ги крие вандалите кои го уништуваа објектот на МНТ.

Четири дена ниту некој е приведен, ниту некој е пријавен, иако МВР точно го знае идентитетот на хулиганите.

МВР ги има снимките од театарот и до сега можеше сторителите веќе да ги извади пред лицето на правдата доколку тоа не беше сторено со амин на власта“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев лаже кога се колне дека не знаел за доаѓањето на шверцерите. Навивачката група шверцери со дозвола на власта една недела претходно ја има најавено прославата во новиот објект на МНТ.

И Зоран Заев и Оливер Спасовски точно знаеле што ќе се случува. Впрочем за тоа говорат и неофицијалните информации дека 200 специјалци биле на готовс доколку се случат посериозни инциденти.

Зошто веднаш по вандализмот внатре во објектот полицијата не направила обрач и не ги привела сите кои што учествувале во нарушување на јавниот ред и мир!? Ова е срам. Ова е понижување.

Одговорност мора да има и од директорот на МНТ и од заменик министерот за култура, и од министерот за култура, но пред се одговорност мора да има од Оливер Спасовски и од Зоран Заев лично.

Одговорност веднаш. Казната за ова и други вандалски дејствија доаѓа на 12-ти април, кога Заев и неговата тајфа конечно ќе заминат во опозиција“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски