(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: 26-годишно момче доби милионски монопол од Спасовски, а неговата фирма била стара само 7 дена

Од:

Нов во низата скандали во режија на СДСМ е доделувањето на лиценци за вршење на испити за возачки дозволи. Овој бизнис, кој на подрачјето на Скопје му го даваат на 26-годишно момче е чист монопол, обвини Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите кои на територијата на градот имаат намера да полагаат за возачка дозвола од која било категорија, ќе му плаќаат на ова момче за кое што не се знае ниту дали има возачка дозвола ниту пак од кога е возач. Ова момче треба да ја организира работата на комисиите од кои ќе зависи безбедноста во сообраќајот. Станува збор за бизнис од преку 6 милиони евра за 5 години. Со потпис на Спасовски, власта додели лиценца за полагање возачки испити на фирма формирана само 7 дена пред да биде распишан конкурсот, а дисквалификуваше фирми со долгогодишно работно искуство во оваа област“, рече тој.

Според Ѓорѓиевски, фирмата „Авто испитен центар“ – Скопје, формирана на 19.06.2018 година, на само 7 дена пред МВР да го објави конкурсот за возачки испитни центри, на 25.06.2018 година, од страна на 26 годишното момче, според МВР на Спасовски е покомпетентна за спроведување на теоретско и практично тестирање за возачки испити од фирмите Автомото Сојуз, АСУС Боро Петрушевски, ПСС и Авто Македонија кои што се со децениско искуство во оваа област.

„Кои квалификации ги имала оваа фирма за да го добие овој бизнис? Како е вршено бодувањето? и Кој го вршел изборот на истата? Никаде во демократскиот свет, во ЕУ и НАТО, кои се стремиме, државни тендери за извршување на работи за издавање на потврди од кои зависи дали некој ќе добие јавна исправа или не, не добиваат фирми кои немаат никакво искуство во оваа област“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?