(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Студентите откако СДСМ дојде на власт се соочуваат со секојдневни проблеми во студентските домови

Од:

„Томе Стефановски – Сениќ“ веќе неколку дена „блеска” во мрак. Во студентскиот дом во 21 век со денови нема струја. Студентите се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат сами како умеат. Во тек на јунска испитна сесија студентите се соочуваат со потешкотии поради немање електрична енергија, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Додека студентите се соочуваат со проблеми, директорот на ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“ го нема никаде, а зошто и би се појавувал кога ќе излезе Зоран Заев и ќе каже дека „блеска” студентскиот стандард. Откако СДСМ дојде на власт младите се соочуваат со разни проблеми на кои нема решенија, но и ветените проекти кои требаа до сега да се реализираат ги нема, посочи Ѓорѓиев.

Студентите откако СДСМ дојде на власт се соочуваат со секојдневни проблеми во студентските домови. Се соочуваат со влага во собите, лифтови кои не работат, храна која е катастрофална, распаднати плафони, мизерни услови во бањите каде што и најчесто нема ни топла вода. Секојдневно по зградите и во собите на студентите се појавуваат глувци, а во дворовите змии, објасни Ѓорѓиев.

Заев и СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа многу за студентите, ветуваа студентски град, а не добија ништо. Освен што секојдневно се соочуваат со мизерни услови како да преживеат од ден на ден за да ги положат испитите. Ова мора да престане, одговорност мора да има. Одговорност треба да дадат директорите, министерството за образование и Зоран Заев. Излезот од хаосот што владее по студентските домови и низ цела Македонија може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си замине. Колку побргу, толку подобро, заклучи Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела