(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Средно Водно станува привилегија за богатите

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека со одлуката на советниците на СДСМ во Градот Скопје и на градоначалникот Шилегов, паркирањето на Средно Водно ќе чини 100 денари во првиот час, а секој нареден по 50 денари.

– Тоа значи дека еден викенд поминат во парк шумата Водно, Шилегов направи едно семејство да го чини колку просечна сметка за вода. Ова значи дека Средно Водно станува привилегија за богатите, а не за секој еден граѓанин. Ова е удар за стандардот на младите, но и за оние категории на граѓани кои поради својата возраст или здравствена состојба мора да користат превоз за да ги користат придобивките на Водно, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека Шилегов прво велеше оти возилата ќе загадувале, па неуспешно ја ископирал и вовел мерката за забрана за движење на возилата на Средно Водно.

– Сега не е проблем за него што ќе загадуваат возилата бидејќи со мерката за воведување на платен паркинг, загадувањето ќе биде само од поимотните граѓани. Бараме повлекување на оваа дискриминаторска и штетна мерка. Ветуваа живот за сите, а Шилегов воведе паркинг можност само за богатите. Ова е мафијашка мерка за заштита на елитата и богатите, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал