(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Секој добар проект кој била воведен од ВМРО-ДПМНЕ за да им го олесни животот на младите, СДС го укинува

Од:

„Деструктивната политика на неспособната власт на СДС и нивните лаги почнаа да ги чувствуваат и младите. За СДС се’ е лесно кога треба да се вети. Се’ е полесно кога треба да се укине, но затоа никаде ги нема кога нешто треба да се реализира. Најтешко им оди од рака да ги исполнат ветувањата кои ги ветуваа пред само една година кога ги лажеа младите за да им ја дадат довербата.

Секој добар проект, секоја мерка која била воведена од ВМРО-ДПМНЕ за да им го олесни животот на младите, СДС ја укинува. И ова не се само празни зборови. Ова е вистината на која за жал сме сведоци сите млади лица изминативе 4 месеци.

Студентите нема повеќе да добиваат бесплатни компјутери, Заев одби да даде вредносни ваучери за нив. СДС скрати 1,5 милијарди денари во образованието, од кои 155 милиони денари беа наменети за студентските домови. За да иронијата биде поголема, во студентските домови СДС го укина појадокот на студентите. Веќе една недела, студентите во студентските домови се мачат без вода за пиење и основни хигиенски потреби! Лажеа дека ќе изградат студентски град во Скопје во којшто ќе има спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино сали, фитнес центри. Лажеа и за студентските кампуси во Битола, Штип и Тетово.

СДС лажеа и за вработување на младите, пракса и тренинзи за квалитетни работни места. Лажеа и за субвенциониран јавен превоз на невработени млади лица до 29 години, поддршка на младите фармери, грантови од 10.000 евра за најдобри бизнис планови. Во реалноста гледаме друга многу грда слика. Странски инвеститори ја напуштаат Македонија последниве 4 месеци и се губат работни места.

Заев ја свитка кичмата под притисок на Бугарија и Грција, под нивно водство ќе се менува историјата на Македонија во учебниците. Каква ли иднина тоа ќе донесе? Заев ни го брише минатото, она најсвето што се обидуваме да го зачуваме со векови.

Младите луѓе мора да имаат иднина! Но, не иднина со Заев и СДС. Ова не е светла иднина за Македонија. Младите луѓе се свесни дека нивната интелигенција е потценета и на 15-ти октомври ќе ја покажат својата решителност дека сакаат да растат заедно со Македонија, а не да дозволат СДС да ги влече кон дното“, изјави Филип .

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ