(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Поминаа 4 месеци откако младите станаа жртва на манипулација од СДС, Богоев и Заев

Од:

„Поминаа 4 месеци откако СДС е на власт, а нема ниту едно ветување кое го дадоа, нема вработување, ниту практиканство, ниту дообука за младите кои го имаат завршено своето образование.

СДС вети, СДС излажа.

Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и останатите челници на СДС пред избори одеа низ Македонија ветувајќи им на младите дека по завршувањето на своето образование државата ќе им понуди три опции, со кои ќе им помогнат во животот, и тоа вработување, практиканство и дообука.

Поминаа 4 месеци, а ништо од ветеното не е остварено. Младите видоа дека се жртва на манипулација.

СДС 4 месеци се на власт, а немаат преземено ниту една конкретна мерка за подобрување на животот на младите.

СДС со прст не мрдна изминативе 4 месеци, со цел подобрување на условите за живот и работа на младите. Ситуацијата за младите во ништо не се подобри, дури и се влоши, но сега ниту Заев, ниту Шекеринска, ниту Богоев, не го сметаат тоа за проблем.

СДС не донесе ништо добро за младите. Младите гледаат дека СДС само ги изманипулира во период пред избори за добивање на поголем корпус гласови.

Младите се свесни, младите ја гледаат манипулацијата на СДС. Младите повеќе нема да дозволат да бидат жртва на манипулација. И на 15-ти октомври младите ќе им кажат НЕ на СДС и нивните погубни политики“, изјави Филип Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ