(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Нацртани 4.108 срциња во спомен на оние чии срца престанаа да чукаат чекајќи го Филипче

Од:

„Денес во герила акција на кејот покрај реката Вардар оставаме 4.108 срца како потсетник на оние кои го изгубија животот во борба со вирусот Ковид-19. Воедно од тука бараме одговорност и одговори од министерот за здравство Венко Филипче.

Уште колку македонски срца ќе треба да престанат да бијат за министерот Венко Филипче да почувствува одговорност и грам сочувство со илјадниците мајки, татковци, синови и ќерки кои ги изгубија своите најмили чекајќи вакцини, чекајќи слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од Ковид-19“, праша Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште колку сомнителни тендери, луксузирања со хеликоптери и моторцикли ќе му бидат потребни на Венко Филипче, за да ја задоволи својата суета, и конечно да се откаже од министерската и портпаролска позиција, сведена на статистичка операција за евиденција на мртви и заразени граѓани?

Уште колку македонски граѓани со згазени чест и достоинство, ќе треба да го бараат својот спас во вакцините кои што ни ги нуди пријателска Република Србија?

До кога за Венко Филипче и Зоран Заев, единствените виновници за катастрофалното менаџирање со епидемиската криза ќе бидат граѓаните, кои наместо да добијат вакцини, квалитетни и навремени здравствени услуги, им нудат карантин, полициски часови, страв и неизвесност за својата иднина. И откако ќе помине сево ова ќе се прашуваат како понатаму ќе продолжат да живеат.

Го повикуваме уште еднаш од овде Венко Филипче, конечно да се симне од моторот на кој што ужива да се вози и да влезе во чевлите на граѓаните, кои со нетрпение чекаат да бидат имунизирани, излекувани, а со тоа и слободни да му се вратат на својот достоинствен начин на живеење“, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик