(ВИДЕО) Ѓорѓев: Загадувањето главна причина за смртност, Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

Од:

Во последните 3 години е покажано дека дури во 35 отсто од случаите аерозагадувањето било причина за смртност кај хронично болните и старите лица, и ако се земат во предвид ПМ 2,5 честичките во воздухот, Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа, вели Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

– Ова се прилично високи бројки, во другите земји оваа бројка се движи од 10 до 20 отсто, а кај нас за жал е 35 отсто. Во просек 1300 животи се губат годишно поради загадувањето. Скопје има два пати повисоки концентрации на ПМ 2.5 честици во споредба со најзагадените градови во Европа, вели Ѓорѓев.

Тој информираше и дека претставиле нацрт-план за интерсекторско решавање на проблемот со загаденоста, бидејќи се работи за комплексен проблем, и се надева дека Владата ќе го усвои истиот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан