(ВИДЕО) Ѓорчев: Заев и СДСМ да кажат по кои критериуми ќе ги спроведуваат масовните отпуштања после изборите

Од:

„Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор.

Во изминативе две години политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоа да Македонија има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе. Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници. И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор.

Откако ја преполни, буквално ја преполни јавната администрација со 5 луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор.

Кои ќе бидат критериумите со кои што тие отпуштања ќе ги спроведе Зоран Заев? Дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.

Преседанот е дека оваа опасност ги демне луѓето кои што се вработени во образованието, во здравството, во армијата, во полицијата, во општините и во целиот јавен сектор.

Два дена молчат, никој ништо не кажува, а гледаме дека секојдневие се десетици и десетици нови огласи за вработување. Кој ќе ја плати таа армија на ново вработени? Кој ќе го издржува тоа? Што ќе работат тие луѓе? Ако веќе има превработеност зошто буквално секој ден се отвораат десетици и десетици нови огласи, за стотици и стотици вработувања. Катастрофалната состојба која што треба да се сумира во 30-тина секунди затоа што знам дека толку е периодот кој што може да се одвои на вести е следново:

По кои критериуми Зоран Заев ќе ги врши масовните отпуштања и бркања од работа на неподобните луѓе кое што го најави во своето интервју а има намера да го спроведува после изборите. Неговите партиски вработувања 20.000 на број ја доведоа Македонија да има 150.000 вработени во јавната администрација со огромна превработеност. Зошто сето ова и го прави на Македонија? И кога сето ќе се собере и одземе коа ќе видиме партизирањето кое ни се случува коа ќе ви видиме политиките кои што се спроведуваат имаме еден поразителен, поразителен тренд, а тоа е масовно иселување и заминување од Македонија. Затоа што продуктивните луѓе оние кои што работат оние кои што создаваат не сакаат да ги тераат хировите на власта, семејството на премиерот и сите оние околу него.

Таа свита бара огромно одржување и издржување а народот едноставно не сака да го поднесе сето тоа. Видете тоа е она кое што сакаме да го порачаме денес навистина јас немам каков коментар да дадам на сето ова. Внимавајте Македонија дојде до тоа да има 150.000 луѓе во јавна администрација. 150.000 луѓе, па не гласаа луѓето за ова не го ветуваа ова по плоштадите и улиците. 150.000 луѓе кој ќе го издржува тоа? Огласи по нови 100 вработувања, 200 вработувања, 50 вработувања. Во секоја институција изгласаа да има заменик директор, во секоја институција која што има директор секоја мора по закон да има заменик директор.

Срамота е тоа, срамота. Со кабинети со привилегии со институции кои што имаат по 10 вработени им изгласаа да имаат заменици директори. Клати врата земја плата и народот треба тоа да го плаќа. Катастрофа. Ужас, буквално ужас“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ласовска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ стана членка на ЕПП Жени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: На 3 јануари му завршува криминално-политичката кариера на Зоран Заев

Ана Ололовска

Стоилковски: Додека Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Заев и Атанасов се на чекор да направат 100 милиони евра штета врз домашното стопанство

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мицкоски: Со некои од тие што преговараме, синоќа седеа до Зоран Заев

Татјана Ташкова