(ВИДЕО) Ѓорчев: Има 800 илјади Вмровци сосе нивните деца

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во улога на претседател на комисијата за политички систем држеше партиски говор пред пратениците. Освен обвинувањата дека Катица Јанева е партиски кадар на СДСМ, според него, она што опозицијата го нарекува злосторничко здружување се 500 илјади гласови.

– Вмровската компонента е 500 илјади гласови, а сосе деца е 800 илјади граѓани, така што, почитувани господо од СДСМ, 800 илјади луѓе не можете да прескокнете. Таа Вмровска компонента во континуитет го поразува СДСМ, рече Ѓорчев.

Тој обвини дека новата уредничка на првата програма на Јавниот сервис, Санта Аргирова е партиски кадар, исто како што, според него, била претходно Лидија Димова и дел од кадрите на опозицијата.

– Не се губи Вмровската компонента во Македонија, 800 илјади граѓани не можат и нема да бидат злосторничко здружување. За злосторничко здружение ВМРО било прогласено и помеѓу двете светски војни. Повелете, еден ден кога сето ова ќе заврши и кога се ќе биде историја, кога нема да бидеме тука, во некој нов музеј на Македонската револуционерна борба ќе се види кој неосновно обвинувал и кој се борел за националните интереси. Ќе се види кој ја крепел Република Македонија, кој се борел за самобитноста на Република Македонија, кој сакал нашиот народ да одлучува, рече Ѓорчев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?