(ВИДЕО) Ѓорчев: Одговорност и оставки за доцнењето од 5 часа на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес

Од:

„Време е за оставки за министрите и директорите поврзани со пожарите во Велес. Имавме фрапантно, катастрофално доцнење на интервенцијата на авионите и хеликоптерите од 5 часа.

Штетите се огромни, жално е да се гледа сето она што се случи во Велес и велешко во изминатите 24 часа и за тоа мора да има одговорност“, рече Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пожарот почна во 11 часот, а авионите и хеликоптерите дојдоа дури во четири часот попладне, во 16 часот. Тоа е катастрофално, ужасно доцнење од 5 часа.

Огромна благодарност и честитки до пожарникарите, до припадниците на Армијата на Република Македонија, до доброволците кои што го гасеа пожарот. Но оние кои што потфрлија тоа се владините институции, тоа се министрите и директорите.

Ако треба сето ова во триесетина секунди да го сумирам, а она што го видовме и едноставно она што од прва рака го видов и слушнав во Велес е следното, време е за оставки на директорите и министрите.

Имаше катастрофално доцнење од цели 5 часа и интервенцијата на авионите и хеликоптерите, пожарот почна во 11 претпладне, а хеликоптерите и авионите дојдоа дури во четири часот попадне. Огромна благодарност до пожарникарите, до војниците, до доброволците, до сите кои што се вклучија во гасењето. Но факт е дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума која што растела 50 години наназад мора да има одговорност.

Време е за оставки во Владата на Зоран Заев и неговите 28 министри“, изјави Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ