(ВИДЕО) Ѓорчев: Не мора да пишува во ниту еден закон, Јанева мора да се појави во Собрание

Од:

Според претседателот на комисијата за политички систем и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, не треба да биде напишано во ниту еден закон или пак во Деловникот, туку се подразбира дека Специјалната јавна обвинителка треба да се појави на седницата каде се разгледува нејзиниот извештај.

Тој вели дека со тоа што не се појавува, иако не мора, Катица Јанева ги крши Уставот и законот на Македонија.

– Највисокит државен акт, Уставот на Република Македонија во член 68 му дава обврска на Собранието да врши надзор и контрола на вршителите на јавни функции одговорни пред Собранието. Таа надлежност никој не смее да ја опструира. Законот за Специјалното јавно обвинителство вели дека Јавниот обвинител ќе биде одговорен пред Собранието на Република Македонија. И Уставот и законот се јасни, Јанева е одговорна, тука нема и не смее да има дилема. Таа е јавен функционер, не смее да се става над Уставот и законот на Република Македонија. Не разбираме зошто не доаѓа јавно да даде образложение. Транспраентрност отчетност и демократска контрола мора да има. Никој не може и не смее да се става себеси над уставот и законот, вели Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека Јавните обвинители Марко Зврлевски и Љупчо Шврговски редовно учествувале на седниците и давале одговор на пратеничките прашања. Според него, во ниту еден закон не пишува дека треба да бидат присутни, но они не се обиделе да одат против законите и дошле.

Освен што ниту еден закон не ја обврзува Катица Јанева да се појави во собранието, во Деловникот пишува кој треба, а кој не треба лично да се појавува во Собранието за да го образложува својот извештај. Според него, таа нема никаква обврска лично да го образложува извештајот пред Собранието, доволно е да го испрати писмено за да може пратениците да дебатираат за истиот.

На прашање дали треба да се верува во институциите после разговорите што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Ѓорчев го избегна одговорот на прашањето, и наместо тоа кажа дека тероризмот е тероризам и нападот е напад и во Брисел, и во Куманово и во Истанбул и во Смилковско езеро и Париз и во Њујорк и во Вашингот и во Багдат.

– Имаме ситуација во која што не се признаваат судски пресуди за терористички акти, каде што не се признаваат Уставот и законите на Република Македонија, други не го признаваат Собранието на Република Македонија, ние зборуваме за темелните столбови за поредокот на оваа држава. Ако продолжи ова самоволие, дали тогаш некој војник ќе рече не го признавам офицерот, дали некој припадник на полицијата ќе може да рече не го признавам старешината, дали некој во некоја општина ќе рече не го признавам градоначалникот, дали двајца соседи на нива ќе речат не ја признаваме меѓата помеѓу нас, вели Ѓорчев.

И покрај инсистирањето да одговори на новинарското прашање, Ѓорчев ја напушти прес салата без да даде одговор.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”