(ВИДЕО) Ѓорчев: Катица Јанева денеска се стави над Уставот на Република Македонија

Од:

Иако нема законска обврска да се појави во Собранието и да го образложи доставениот извештај за сработеното, Катица Јанева според претседателот на комисијата за политички систем и член на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев со непојавувањето се ставила над уставот и законите на Република Македонија.

Тој вели дека ова е прв случај во историјата на демократска Македонија, во овие 25 години едно лице да не се појави и да го образложи извештајот на институијата која ја раководи.

– Не добивме известување дека нема да дојде иако интересот помеѓу пратениците е голем. Нејзиното недоаѓање и недавање известување дека нема да се појави е непочитување на собранието. Непочитување на уставот на Република Македонија. Македонија е парламентарна демократија и сите именувани лица носат одговороност, влели Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека еднаш годишно претседателот лично поднесува извештај, еднаш месечно премиерот и министрите, како и претседателите на низа институции, а само Јанева не се појавила лично да го образложи извештајот кој го поднела.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање