(ВИДЕО) Ѓорчев: Фијаско на владата на Заев, 2018 година има најлош наталитет и демографија во историјата

Од:

„За време на оваа влада Зоран Заев и Мила Царовска 2108 година, минатата година е година со убедливо најлош, најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на Македонија. Никогаш, никогаш во историјата на Македонија немало помалку бебиња.

Во 2018 година одени се 21. 333 бебиња тоа е најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија наназад 70 години“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако направите споредба на 2016 година последната година ан владата на ВМРО-ДПМНЕ со минатата 2108 година ќе дојдете до податокот дека бројот на бебиња, на живородени деца во Македонија е намален 23.002 бебиња на 21.333.

Уште еднаш бројот на живородени бебиња, бројот на бебиња за време на оваа влада на Зоран Заев и Мила Царовска е намален од 2106 година од 23.002 бебиња на 21.333. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти.

Внимавајте, кога во економијата би имало рецесија од 7,3 проценти сите ѕвона на тревога би биле вклучени, а ова, ова е доказ, ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде низ белиот свет.

Ова е пораз и фијаско на политиките на Зоран Заев и Мила Царовска кој што го укинаа надоместокот за трето дете, кој што водат антисемејни политики, кој што на крајот на краиштата придонесуваат преку иселувањето и економската катастрофа да имаме невидена катастрофа во Македонија и егзодус каков што немало 200 години наназад.

Ете тоа е она кое што сакаме да го порачаме од оваа прес конференција.

Навистина бројките се фрапантни и загрижувачки и тоа го гледаме исто така почитувани присутни и со падот на бројот на учениците во уписите.

Гледате дека деновиве имаме уписи во прво одделение, имаме упис во гимназиите, имаме уписи на Универзитетите и секаде бројките паѓаат затоа што имаме масовно иселување и егзодус во Македонија. Тоа е директен доказ дека едноставно Македонија имплудира, Македонија исчезнува, Македонија се сели и Македонија умира со ваквите политики на Зоран Заев и неговите 28 министри“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност