(ВИДЕО) Ѓорчев: Дали и кој од врвот на власта му јавил на Боки 13 за истрагата?

Од:

„Оваа прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на скандалот и случајот „Рекет“ поврзан со милиони и милиони евра изнуда, случај којшто ја интересира македонската јавност и случај кој има огромен број на неодговорени прашања.

Овие неколку прашања кои треба да ги одговори Зоран Заев, министерите на Заев, и прашања коишто треба да ги одговорат најблиските соработници на Зоран Заев“, рече Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Прашањето е дали навистина тие зборови се зборови коишто ги кажал Зоран Милески – Кичеец? За овие зборови чекаме потврда дека тоа е од судењето на Кичеец.

Прашањето е дали е ова веродостојно сведочење и дали се ова зборовите на Зоран Милески? Па по тоа дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски во врска со истрагата на МВР, дека тој е всушност осомничено лице?

Кој му доставил информации на Бојан Јовановски дека има истрага против него?

Ако е навистина така, тогаш се наметнуваат и други прашања, дали и колку пати Зоран Заев се среќавал со Бојан Јовановски и Зоран Милевски?

Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски?

Ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори?

Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето на Зоран Милески, тогаш Зоран Заев и неговите министри треба да одговорат на сите овие прашања“, изјави Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му